August 15, 2022 18:20
Македонија

Тренчевска: Институциите ќе даваат услугите и за време на штрајкот, дијалогот продолжува

Уверувам дека институциите ќе ги даваат услугите кон граѓаните и ќе бидат функционални за време на штрајкот, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, откако членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска стапија во генерален штрајк за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Тренчевска порача дека граѓаните кои имаат потреба од каква било услуга од јавниот сектор мора да ја добијат услугата. Јавните службеници – администрацијата за тоа е и платена да испорачува услуги кон граѓаните, нагласи Тренчевска.

Во Министерството за труд и социјална политика утрово никој не пријавил дека штрајкува, рече Тренчевска и дополни  дека институциите за социјална и детска заштита функционираат нормално, а онаму кадешто ќе имаат работници кои штрајкуваат ќе биде обезбедено непречно функционирање на институциите.

Тренчевска нагласи  дека решавањето на проблемите со платите е приоритет, а ад хок решенијата, како што укажа, не носат добри резултати, ниту трајни решенија, што било посочено и на вчерашниот состанок со ССМ.

-Општиот колективен договор и социјалниот дијалог за општиот колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија која ќе биде вклучена во општиот колективен договор и која што ќе значи системско решавање на проблемот со платите во јавниот сектор, односно континуирано зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, рече Тренчевска. 

Линеарното покачување на 2.806 денари на сите вработени во јавен сектор, според министерката, не е решение и во овие услови нема да направи ништо.

-Значи, треба да пристапиме и да продолжиме со социјалниот дијалог којшто е единствен начин да се дојде до решавање на проблемите помеѓу Синдикатот, социјалните партнери односно од една страна Синдикатот, од другата страна Владата. Владата покажува политичка волја, подготвеност да најдеме решение и повикуваме да продолжиме со социјалниот дијалог за да дојдеме до решение кое ќе го реши проблемот на вработените во јавниот сектор, изјави Тренчевска.

Дополнително на подготовката и потпишувањето на општиот колективен договор, како што рече Тренчевска започнуваат со процес на подготовка на закон за плати во јавниот сектор, со кој очекува дека ќе биде решен проблемот со платите во јавниот сектор.

Од ССМ претходно најавија дека само десет проценти од вработените ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Тие како дел од активностите за штрајкот изутрината поставија 120 столчиња пред Собранието со потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман со ребалансот на Буџетот, да се обезбедат средства за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

sunwin web sunwin.apk mới nhất game bài sunwin

sun win

sun win

sun win

sun win