February 26, 2021 02:59
Хроника

Тренерот по џудо осомничен за педофилија тврди дека е невин

Поранешниот тренер по џудо од Прилеп, осомничен за педофилија тврди дека е невин, вели неговиот адвокат, кој најави дека од етички причини ќе се откаже од својот клиент ако утре по увидот во предметот произлезат било какви докази против него, објави „Телма“.

Доколку од вештачењето за мобилната комуникација меѓу тренерот и децата кои му биле доверени во џудо клубот произлезат основи за сомнeвањето, јас како негов бранител ќе се повлечам, чисто од етички причини, затоа што од мојот клиент бев известен дека нема допирна точка со обвинението кое му се става на товар. Се губи принципот на меѓусебна доверба и јас мора да си го испочитувам мојот кодекс на однесување, по однос на постапување со моите клиенти. Така што, ако излезат докази кои ќе го потврдат основаното сомнение јас се повлекувам како негов бранител, изјави за Телма, адвокатот Жаре Стеваноски.

Како што вчера информираше ОЈО, на осомничениот тренер на возраст од 46 години му е одреден 30 дневен притвор, по шокантните сведочења на три малолетни девојчиња. Според обвинителството се работи за продолжено кривично дело обљуба со злоуотреба на положбта, затоа што од април до ноември лани, во Прилеп но и на други места, заради задоволување на полови страсти извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години, ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Од Македонската џудо федерација вчера соопштија дека на осомничениот му била одземена тренерската лиценца уште лани и бил исфрлен од федерацијата поради малверзации.

Watch Black Clover Episode 56 at ANIMEFLIX sword art online animeflix

Watch How Not to Summon a Demon Lord (Dub) Episode 8 at website https://funimationfree.com. See more funimation one piece stampede