January 15, 2021 16:47
Балкан

Трендафилова повторно назначена за претседател на судот за ОВК

Судијката Екатерина Трендафилова повторно е назначена за претседател на Специјалните совети на Косово со седиште во Хаг (попознати како Суд за злосторства на ОВК) со мандат од четири години, почнувајќи од 15 декември годинава.

Тековниот четиригодишен мандат на Трендафилова истекува на 14 декември 2020 година, соопшти денеска институцијата.

Таа беше назначена на функцијата од страна на органот за именување, амбасадорот Ларс-Гунар Вигмарк, се додава во соопштението.

По овој повод, Трендафилова изрази благодарност за довербата и можноста да ја продолжи својата работа во Специјализните совети во време кога институцијата влегува во нова фаза и се подготвува да почне кривични постапки.

Трендафилова додаде дека е убедена дека постапките ќе се водат на безбеден, независен, непристрасен, фер и ефикасен начин, во согласност со мандатот на Специјалните совети.

Пред овој суд почнаа постапки против Хашим Тачи и други лидери на ОКВ, а судењата се очекуваат од следната година.