Македонија

Трајчева уверена дека има докази со кои ќе ја докаже вината на Рашковски

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која постапува во предметот со ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е уверена дека има докази со кои ќе ги докаже сите факти наведени во обвинението.

Откако се одложи денешното прво судско рочиште, таа во изјава за медиумите рече дека има обемна листа на докази и затоа не може да ја набројува цела, а за тоа кои сегашни и идни функционери ќе ги повика како сведоци, не сакаше да открива.

-Во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти наведени во диспозитивот на обвинителниот акт, за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело перење пари, рече Трајчева.

Сепак, нагласува таа, суштината не е во тоа колку многубројни се доказите туку колку се цврсти односно дали тие и сведоците ќе бидат доволни за Обвинителството да го убеди судот во вината на обвинетите. Трајчева тврди и дека постапувањето во овој случај не е ништо поразлично од начинот на кој работело Обвинителството и во други предмети, а за кои има веќе правосилни судски одлуки, вклучувајќи и такви кои се познати на јавноста како ’Рекет‘ и ’27 април‘“,.

Денешното прво рочиште се одложи затоа што една од обвинетите (Маја Силјановска) беше отсутна, но и бидејќи предметот се наоѓа во Апелацискиот суд во Скопје за одлучување по жалба на одбраната за замрзнување на имот и за жалба за издвојување докази. Следното, судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска го закажа за 24 февруари.

Обвинението опфаќа набавки околу два софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, а исто така и исплата на хонорари од коишто, според обвинителството, ексгенералниот секретар дел зел за себе. Рашковски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари. Со него обвинети се уште шест лица: Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven My Hero Academia Season 5 Episode 21

AnimeHeaven Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

AnimeHeaven Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

AnimeHeaven Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

AnimeHeaven My Hero Academia Episode 4