June 26, 2022 22:46
Македонија

Трајковски: ЦО на НСДП донесе недемократска одлука да се отфрли мојата кандидатура за претседател

Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски реагира на вчерашниот ЦО на партијата, каде била отфрлена неговата кандидатура за нов претседател.

-Вчера Централниот одбор на НСДП донесе разочарувачка и недемократска одлука да се отфрли мојата уредно поднесена кандидатура и програма. Одлуката да се има само еден кандидат, при повеќе поднесени кандидатури, е ништо повеќе од кукавички чин за бегање од демократските вредности на кои нашата партија е изградена. Дополнително, одлуката е спротивна на Правилникот за организација на Петтиот конгрес на НСДП и ги спречува речиси петстотините делегати да не можат слободно, фер и демократски да го изберат следниот претседател на НСДП.
Единствениот кандидат и неговото тесно мнозинство во Централниот одбор, одбија да дозволат демократски натпревар на идеи и политики, бидејќи се плашат од гласот на членството и отворената демократијата.
Јас не се откажувам од мојата заложба и уверување дека демократијата и демократските вредности се пред сè и над сè. Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет.
На претстојниот конгрес на 4 јуни, ќе го искористам моето право да се кандидирам на самиот Конгрес и таму ќе ја побарам поддршката на членството и делегатите, вели Трајковски.

За потсетување, Централниот одбор донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски кој треба да го наследи Тито Петковски на лидерската функција.

mã code go88 nhà cái go88 ở đâu ảnh ăn tiền go88

đánh bài online sunwin game bài macao sunwin tool tài xỉu sunwin cho android