June 26, 2022 04:04
Спорт

Трајковски:Ни недостига Пандев, ама со срце ќе играме против Италија

Најдобрата македонска репрезентација во месец март ја очекува баражот за Светското првенство за пласман на СП во Катар 2022, а противник ни е селекцијата на Италија.

Со нив ќе се соочиме на 24 март во Палермо, место кое е добро познато за дел од нашите репрезентативци.

Имено еден од нив е Александар Трајковски кој мина неколку години во составот од Сицилија и се радува што сега одново ќе може да игра на „Ренцо Барбера“.

-Овој дуел со Италија е посебно возбудлив не само за мене, туку за цела репрезентација, за цела Македонија. Имаме шанса да одиме на Светско. Уште кога ја добивме Италија за противник на ждрепката, прво што помислив е дека нѐ чека посебен меч, па уште кога беше избран Палермо за домаќин на мечот – нешто прекрасно. Ќе се вратам таму каде што најубаво се чувствував и знам дека нѐ чека добар меч, возбудлив. Имаме можност да одиме на Светско првенство. Кога ќе дојде време ќе размислуваме за тоа. Ние сме млад тим, Пандев повеќе не е со нас, ни недостасува. Ама ќе се бориме, играме со срце. Ние никогаш не се откажуваме. Имаме квалитет, порача Трајковски за „Тутомеркатовеб“.