November 16, 2019 03:43
Свет

Трамп: 1.000 американски војници остануваат на Блискиот Исток

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека околу 1.000 американски војници на кои претходно им наредил да се повлечат од Сирија, сепак, ќе останат на Блискиот Исток за да спречат да се оживее таканаречената Исламска држава.

Тој во писмено соопштение објави дека војниците ќе бидат прераспоредени и ќе останат во регионот, пренесува АП.

Нивната улога ќе биде да ја следат ситуацијата и да спречат евентуално повторување на 2014 година, кога припадниците на ИД организирани во Сирија преминаа во соседен Ирак и ја презедоа контролата врз северот и западот на земјата.

Трамп потврди дека мал број американски војници ќе останат на сириската база на југот на земјата.

Нови вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право во потрагата по нафта и гас

Filip

Истражување: Климатските промени ги изложуваат идните генерации на доживотни здравствени проблеми

Filip

На 9 декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Filip