February 27, 2021 22:41
Свет

Трамп ќе добие пензија од над 220 илјади долари годишно

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции, далеку повредни од парите.

Меѓутоа, ако Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следи како поранешен претседател.

„Доколку Сенатот го осуди Трамп и го потврди отповикувањето, очигледно ќе биде потребно уште едно гласање за да му се одбие пензијата и надоместоците што му следат со закон”, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина, јави Си-Ен-Ен.

Другите придобивки што ќе ги добие Трамп, покрај неговата пензија, може да бидат значителни – надоместоците за патувања, канцеларискиот простор и платата на персоналот можат да бидат над еден милион долари годишно за поранешен-претседател. Според анализата на Фондацијата Национална унија на даночни обврзници, од 2000 година вкупно 56 милиони американски долари се обезбедени за привилегии и придобивки на четворицата живи поранешни претседатели.

Watch Fire Force (Dub) Episode 7 (https://animefreak.ws/m/aK28/ep-7) at website https://animefreak.ws animefreaks website

Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 3 at website https://crunchyrollfree.com. See more free vrv premium account