August 25, 2019 22:42
Свет

Трамп: Ѕид кон Мексико ќе има во секој случај

Американскиот претседател, Доналд Трамп, нема да се откаже од своето ветување дека ќе гради ѕид на границата со Мексико.

„Ѕидот ќе го изградиме во секој случај“, рече Трамп на собир во Тексас, во момент кога беше објавено дека е постигнат принципиелен договор за финансирање на федералната влада и избегнување на повторна блокада на истата, пренесува Би-би-си.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе го поддржи договорот.

Тој тврди дека бариерата, која ги разделува Ел Пасо и Мексико, го направила градот побезбеден, што, сепак, не го покажуваат и федералните статистики, пренесува агенцијата АП.

Претходно беше објавено дека неколку преговарачи од демократската и републиканската партија во американскиот Конгрес постигнале начелен договор за финансирање на владата и избегнување на нова блокада, објави Гласот на Америка.

Меѓутоа, се тврди дека ниту еден од преговарачите не сакал да открие детали околу договорот, ниту пак каже дали претседателот Трамп ќе ги добие сите пари што ги бара за изградба на ѕидот долж јужната американска граница.

Нови вести

Меркел: Состанокот со Зариф е паралелен настан, не е дел од самитот

Filip

САД и Велика Битанија после Брегзит ќе потпишат голем трговски договор

Filip

Белата куќа: Трамп не бил известен за средбата на Макрон и Зариф

Filip