August 25, 2019 02:23
Свет

Трамп на Твитер: Вето!

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на Твитер со еден збор „вето” на вечерашната усвоена Резолуција на Сенатот за укинување на одлуката за воведување вонредна состојба во земјата поради ситуацијата на границата со Мексико.

Резолуцијата беше усвоена со 59 гласови „за” и 41 „против’. Покрај сите сенатори демократи, за Резолуцијата гласаа и 12 републикански членови на Сенатот.

Сепак, демократите не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот, со што се овозможи Трамп да стави вето на Резолуцијата.

Резолуцијата претходно беше усвоена и од Претставничкиот дом на Конгресот, по што Трамп најави дека ќе стави вето на документот.

Тоа ќе биде прво вето на Трамп на некоја одлука на Конгресот, откако стапи на должноста во јануари 2017 година.

Трамп прогласи вонредна состојба со цел да може без одобрение на Конгресот да издвои неколку милијарди долари од буџетските средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница за спречување на илегалната миграција, што беше едно од неговите главни ветувања во текот на изборната кампања во 2016 година.

Нови вести

Водени топови за демонстрантите против средбата на Г7

Igor

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor