February 27, 2021 03:53
Свет

Трамп: Мојот говор беше целосно исправен, не сакам насилство

Американскиот претседател Доналд Трмп, во изјава дадена денеска првпат по немирите минатата недела, не изрази жалење за тоа што се случи во Капитолот на САД во средата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

 -Ако го прочитате мојот говор, а многу луѓе тоа го сторија, и јас повторно го прочитав во весниците и на телевизија, и говорот е анализиран, луѓето мислат дека беше целосно исправен, изјави Трамп денеска во воената база „Ендрјуз” во Мериленд, пред неговото патување за Тексас. 

 Тој говореше за неговото спонтано обраќање до поддржувачите минатата недела, во коe повика да „се борат посилно” против „лошите луѓе”, повикувајќи ги да маршираат пред Капитолот на САД. 

 За демократите, овој говор како и претходните коментари на Трамп, беа увертира во насилството во Конгресот предизвикано од негови поддржувачи, и затоа тие подготвуваат процедура за негово второ отповикување што треба да започне утре. 

 -Ако Ненси Пелоси и Чак Шумер продолжат по овој пат, мислам дека тоа ќе предизика огромна опасност за нашата земја и предизвикува огромен гнев. Но, не сакам насилство, истакна Трамп. 

 Неговиот коментар се сфати како порака до екстремните десничарски и конзервативни елементи во САД, ако демонстрираат во Вашингтон на 20 јануари, да го направат тоа на мирен начин. Слични протести се очекуваат и пред капитолите на повеќе сојузни држави, за што Федералното биро за истраги веќе испрати предупредување.  

 Минатата недела, во средата, толпа поддржувачи на Трамп, дел од неа вооружена и со знамиња на Конфедерацијата, ги урна полициските барикади на објектот на Капитолот во Вашингтон и упадна во кабинетите на конгресмените, со што ја фрли американската политика во тотален хаос.

Rent-a-Girlfriend Episode 12 at website https://funimationfree.com funimation sign in

Watch Beastars 2nd Season Episode 1 (https://animeflix.nl/m/P1KP/ep-1) at ANIMEFLIX animeflix wolf children