November 14, 2019 00:37
Свет

Трамп: Моравме да покажеме малку „груба љубов” за да се дојде до договор

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за постигнувањето на договор за прекин на огнот во североисточна Сирија, истакнувајќи оти од Анкара пристигнува прекрасна вест и дека ќе бидат спасени милиони животи.

– Моравме да покажеме малку „груба љубов” за да се дојде до договор. Ова е прекрасно за сите. Горд сум на сите, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека договорот никако не можел да биде постигнат пред три дена.

– Луѓето многу години се обидуваа да постигнат баков договор. Милиони животи ќе бидат спасени. Ви честитам на сите, посочи Трамп.

Твитот на Трамп уследи по четиричасовната средба на американската делегација со Ердоган во Анкара, при што е претседателот на Турција се согласи на петдневно примирје во североисточниот дел на Сирија, со цел да се повлечат курдските сили, а потоа во целост ќе биде запрена операцијата Извор на мирот.

Претходно, потпретседателот на САД, Мајк Пенс по средбата со Ердоган во Анкара, изјави дека е постигнат договор за прекин на турската офанзива во североисточна Сирија. Тој наведе дека е во тек повлекувањето на курдските Сили за заштита на народот и дека САД работат на тоа тие да се дислоцираат на повеќе од 32 километри од границата со Турција.

Тој додаде дека очекува САД да ги задржат силните врски со Курдите во Сирија.

Пенс истакна дека САД секогаш ја поддржувале безбедносната зона во северна Сирија, што беше прокламирана цел на турската офанзива. Тој најави дека САД ќе работаат заедно со Турција на примена на договорот, како и дека во регионот нема да има американски трупи.

Во разговорите со турските претставници учествуваа и државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

Американските претставници пристигнаа во Анкара за да го предупредат Ердоган дека ќе се соочи со дополнителни американски санкции ако не ја прекина офанзивата во Сирија.

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, ја покрена операцијата Извор на мирот против курдските сили. Анкара истакна дека цел на операцијата е да создаде „тампон зона” за заштита на турската граница, во која би можеле да се вратат сириските бегалци од Турција.

Нови вести

Фејсбук отстрани две милијарди лажни профили и над три милијарди содржини

Filip

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија

Filip

Кремљ за постапката за отповикување на Трамп: Нема врска со реалноста

Filip