January 23, 2020 05:27
Свет

Трамп: Ким ризикува да загуби се

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ризикува да изгуби се ако продолжат непријателствата, откако Северна Кореја соопшти за „успешно извршен голем тест”.

„Ким Џонг Ун е премногу паметен и има премногу да изгуби, всушност се ако тој се однесува непријателски. Тој потпиша цврст договор за денуклеаризација со мене во Сингапур”, напиша Трамп на Твитер, осврнувајќи се на неговиот прв самит со Ким во Сингапур во 2018 година.

Северна Кореја претходно во текот на денот соопшти дека извршила „многу важен тест” на локација за лансирање ракети со голем дострел, која според американски официјални лица, Пјонгјанг ветил дека ќе ја затвори.

Нови вести

(Видео) Макрон ги исфрли израелските полицајци од црква во Ерусалим

Filip

ЛНА го забрани користењето на аеродромот во Триполи за сите видови авиони

Filip

Втор ден од судскиот процес во Сенатот за отповикување на Трамп

Filip