August 6, 2020 09:50
Свет

Трамп: Иран го блокираше интернетот за да не се чуе што зборувам

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран е толку нестабилен што тамошната Влада го блокирала пристапот до Интернет, со цел Иранците да не можат да слушнат што зборува тој, коментирајќи го како „ужасно насилство”.

Трамп на Твитер напиша дека иранската Влада сака „нулта транспарентност” и оти верува дека со исклучувањето на Интернетот ќе го спречи остатокот од светот да дознае за „смртните случаи и трагедиите предизвикани од иранскиот режим”.

Пристапот до Интернет во Иран е блокиран уште од саботата, поради насилството што избувна на протестите поради зголемувањето на цената на бензинот за 50 проценти.