November 19, 2019 12:22
Свет

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

– Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наредил на сите американски трупи во северна Сирија да се упатат кон југ, но да не ја напуштат земјата.

Во изјавата за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Еспер рече дека конфликтот меѓу турските сили и курдските борци поддржани од САД станал „неодржлив” за американските трупи.

Американскиот министер додаде дека добил директиви од Трамп да ги повлече американските трупи од северна Сирија на југ, но не му било наредено да ја напуштат сириската територија.

Еспер не го прецизираше бројот на американски војници што ќе ја напуштат северна Сирија, но додаде дека Курдите ќе се договорат со сириските сили и Русија за евентуален контранапад на турските и протурските сили.

Нови вести

Помпео: Владата на Хонг Конг е должна да го врати мирот на граѓаните

zane

Уапсен маж осомничен дека планирал напад во Германија

zane

Две жртви по уривањето висечки мост во југозападна Франција

zane