November 21, 2019 00:14
Свет

Трамп: Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи – најверојатно да

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер одговори на прашањето дали воопшто ќе станеше шеф на Белата куќа ако немаше социјални медиуми и порача дека ќе замине од власт дури во 2033 година.

– Белата куќа ќе биде домаќин на многу голем и многу важен Самит на социјалните мрежи. Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи? Да (најверојатно)! По неговото завршување, сите заедно ќе одиме на прес- конференција за пописот и државјанството, напиша Трамп на Твитер.

Во својот следен твит, тој оцени дека лажните вести не се подеднакво важни, ниту толку моќни како социјалните мрежи, предвидувајќи пропаст на медиумите кои објавуваат лажни вести.

– Кога конечно ќе го напуштам кабинетот за шест години или можеби десет или 14 години (јас само се шегувам), тие наскоро ќе бидат надвор од бизнисот поради недостиг на кредибилитет или јавна поддршка, напиша Трамп во серија пораки во кои себеси повторно се нарече „Стабилен гениј”.

Трамп потоа прогнозираше и пропаст на социјалните мрежи.

– Жалам што морам да кажам дека дури и социјалните мрежи ќе останат без работа заедно и конечно со медиумите кои објавуваат лажни вести, наведе Трамп.

Нови вести

Членовите на Советот за безбедност на ОН се спротивставија на ставот на САД за еврејските населби

Filip

Биган: Прозорецот за преговори на Пјонгјанг со САД сè уште е отворен

Filip

Британскиот принц Ендру се повлекува поради афера

Filip