February 23, 2019 20:28
Свет

Tрамп го најави вториот самит со Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на говорот во Конгресот за состојбата на нацијата, најави дека вториот нуклеарен самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи на 27 – 28 февруари.

Тој истовремено себеси си даде признание за спречување на големата војна на Корејскиот полуостров.

Во обраќањето до нацијата, кое траеше 82 минути, Трамп нагласи дека има уште многу работи што треба да се направат за да се сочува мирот со Северна Кореја, но дека застојот во нуклеарните тестирања е доказ за напредок.

“Заедно можеме да го прекинеме деценискиот политички ќор-сокак. Можеме да ги премостиме старите поделби, да ги излекуваме раните, да изградиме нови коалиции” порача претседателот на САД.

Тој уште еднаш порача дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико. Повика на политичка обединетост, нагласувајќи дека смешните партиски истраги ќе му наштетат на просперитетот во земјата.

Related posts

Финска ќе им дава на мигрантите по 5.000 евра за да ја напуштат земјата

Ivona

Штетата на Триумфалната порта во Париз проценета на околу еден милион евра

Igor

Варадкар: Велика Британија може да побара одлагање на Брегзит

Ivona