June 26, 2019 20:24
Свет

Трамп: Време е да се признае израелскиот суверенитет над Голан

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека дошло време да се признае израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, територија што Израел ја презеде од Сирија за време на арапско-израелската војна во 1967 година.

„По 52 години, време е САД да го признаат целосниот израелски суверенитет над Голанската Висорамнина, која е од клучна стратешка и безбедносна важност за Израел и за регионалната безбедност“, објави Трамп на „Твитер“.

По објавата на Трамп, коментар стигна од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, кој му се заблагодари на американскиот претседател за ваквиот став.

„Во време кога Иран се обидува да ја користи Сирија како платформа за уништување на Израел, претседателот Трамп храбро го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина. Ви благодариме, претседателе Трамп“, напиша Нетанјаху на социјалните мрежи.

Нови вести

Гваидо: Нова воена интервенција се уште е опција

Filip

Членките на НАТО се согласија за мерки против Русија ако пропадне нуклеарниот договор

Filip

Трамп: Војната со Иран не би траела долго

Filip