October 14, 2019 01:47
Свет

Трамп: Анкара ќе биде финансиски казнета доколку не игра по правилата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се обидува да ја заврши војната во Сирија, и притоа ја предупреди Анкара дека ќе биде финансиски тешко погодена доколку не игра според правилата.

„Се обидувам да ја завршам војната без крај”, напиша Трамп на Твитер.

„Разговарам со двете страни” додаде тој, пренсен од британските медиуми.

„Велам дека ќе ја погодам Турција многу силно и финансиски и со санкции доколку не игра според правилата”, истакна американскиот претседател и додаде „ внимателно набљудувам”.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip