September 17, 2020 11:54
Македонија

Трагикомично е кога СДСМ говори дека Македонија има подобро судство, а Заев е на слобода

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Трагикомично е кога СДСМ говори за подобро судство во Македонија.

Во време на СДСМ судиите носат селективни одлуки во корист на Зоран Заев.

СДСМ досега во своите соопштенија не одговорија на јавноста кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев.

Граѓаните со СДСМ на власт од ветени реформи добија криминал, мафија и корупција.

Заев ја користи својата положба за да се пресметува со неистомислениците преку судот, монтира случаи и избира подобни обвинители и судии.

Од оваа влада државата единствено доби судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт.