Спорт

Трагикомедија на Африканскиот куп! Голманот на Брегот на Слонова Коска со невиден кикс!

Фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска доминираше од почетокот до крајот на мечот со Сиера Леоне на Африканскиот куп на нации, пред нивниот голман Бадри Али Сангаре да направи неверојатна грешка во 93. минута за да прими израмнувачки гол за 2:2

Ѕвездата на Милан, Френк Кеси имаше шанса да ги донесе БСК во водство уште во 12. минута кога беше досуден пенал, но тој не успеа од белата точка. Себастиен Але не згреши во 25. минута да донесе водство за „слоновите“ по убавата асистенција на Вилфрид Заха, но Сиера Леоне израмни преку Муса Камара во 55. минута. Само 10 минути подоцна, ѕвездата на Арсенал, Никола Пепе постигна прекрасен гол, по што до крајот на мечот имаа уште неколку совршени шанси.

Но, во 93. минута, по еднo враќање со глава на топката од негов соиграч, голманот Сангаре успеа да се изврти, да им ја подари топката на ривалите, и дозволи Алхаџи Камара да израмни. Покрај ова, тој успеа да се повреди по „акробацијата“ и мораше на носилки да биде изнесен од теренот.

Тунис, пак, по контроверниот меч со Мали (кој беше двапати прекратуван предвреме), покажаа сила против Мавританија, постигнувајќи два гола во првите 10 минути за убедлива 4:0 победа.

ГРУПА Е

Брег на Слонова Коска – Сиера Леоне 2:2

Алжир – Екваторска Гвинеја 20.00 ч.

ГРУПА Ф

Тунис – Мавританија 4:0

Гамбија – Мали 1:1

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

anime sites Dragon Ball Z (Dub)

GoGoAnime Tokyo Revengers Episode 20 - Uncen

watch animes Tokyo Revengers (Dub)

online anime Naruto

Dragon Ball Z (Dub) Episode 285