December 2, 2022 11:00
Балкан

Трагедија кај Мостар: Тричлено семејство загина во судир на четири автомобили, тригодишната ќерка се бори за живот

Четири лица загинаа, а уште толку се повредени во синоќешната страотна сообраќајна несреќа кај Мостар. Меѓу повредените е и тригодишно девојче кое се бори за живот.

Во несреќата настрада целото нејзино семејство, мајката, таткото и постариот брат.

Трагедијата се случила околу 20.30 часот кога се судриле четири автомобили- „рено скеник“, „бмв Х5“, „бмв“ и „мерцедес“.

– Девојчето (3) е хоспитализирано на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Се здобила со тешки телесни повреди кои во овој момент се опасни по нејзиниот живот, изјавиле од Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Во сообраќајната несреќа загина брачниот пар Крстиќ-Борис(35) и Мирјана (34) и нивниот деветгодишен син Роберто, кои се возеле во „рено скеник“, како и М.П.(46) кој се возел во „бмв Х5“.

Околностите за оваа страшна несреќа се уште се утврдуваат. Наредени се сите неопходни мерки и дејствија.

Истрагата што ја спровеле припадниците на полициската управа Мостар, со која раководел дежурниот кантонален обвинител траела повеќе од пет часа, а повеќе информации ќе се знаат подоцна.