August 19, 2022 13:12
Балкан

Трагедија во Србија: Четири момчиња загинаа во сообраќајка

Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон селото Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен животот го загубиле четворица млади момчиња.

– Најверојатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинаа. Ова е вистинска трагедија, тоа се само млади. Сите беа на 18 или 19 години – изјави за медиумите еден од жителите на селото Јанчиќи, кој утрово се нашол во близина на местото каде што излетале младите.