October 1, 2022 12:23
Хроника

Трагедија во Италија: Загина 14 месечно бебе од Македонија

Трагедија му се случи на семејството Ибушоски од Македонија, кое во несреќен случај во местото Понте Гардена во Италија го загуби своето бебе, дознава 24 Инфо.

Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски загина откако во петокот околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.

Три дена по несреќата пристигна и официјалното изјаснување за смртта на детето, кое настанала  поради сериозните повреди добиени по ударот и падот.

Во меѓувреме, како што пишуваат италијанските медиуми, полицијата истражува како се случила несреќата. Една од хипотезите што ја испитуваат истражителите е поврзана со оградата на балконот. Малку веројатно и прилично е тешко за дете на таа возраст да се искачи со помош на некој предмет оставен на балконот и да падне преку оградата. Засега е поверојатно дека Ајас успеал да се протне меѓу оградата и да падне.

Она што е веројатно е дека мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.

Во меѓувреме сите 194 жители на Понте Гардена во јужен Тирол се собраа околу несреќните родители и нивните други две деца, со кои се доселиле пред околу три години.

Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.

 

Поврзани вести

„Војна“ меѓу Адора и БЕГ зa топланите- биле под закуп или во стечај?

Igor

Се спрема ли нов политички субјект? Данела, Стевчо, Максим и „Огнените“ од ДУИ во лов гласови од разочараните граѓани

admin

Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

admin