December 2, 2021 00:18
Спорт

Тотенхем со пресврт го совлада Лидс

Фудбалерите на Тотенхем издвојуваа победа над Лидс Јунајтед од 2-1 во последниот натпревар од 12. коло во Премиер лигата.

Клубот од Лондон одигра лошо во првото полувреме и за тоа беше казнет преку Џејмс во 44 минута. Домаќините по паузата беа на сосема друго ниво, заиграа поангажирано, поконретно и успеаа да направат комплетен пресврт и со тоа да му ја донесат првата победа на менаџерот Антонио Конте во домашниот шампионат.

Прво данскиот репрезентативец се најде на вистинското место во 58 минута за измранување на 1-1 за да во 69 левиот бек Регуилон стрела за 2-1.

Со овие три бода Тотенхем дојде до бројката до 19 и е делба на шестата позиција заедно со Вулверхемптон.