November 25, 2020 11:58
Спорт

Тотенхем со нов договор за Сон

Тотенхем му понуди нов петгодишен договор на Хјун-Мин Сон, кој е во одлична форма. Во пракса, ова би значело дека Јужнокореецот би можел да остане во Лондон до крајот на активната фудбалска кариера, бидејќи офанзивниот играч во моментов има 28 години.

Се разбира, платата на Сон исто така ќе биде зголемена. Според англиските медиуми, тој ќе добие 52 милиони фунти до крајот на договорот. Крилото во моментов „собира” околу 150.000 неделно. Новиот договор предвидува неговата плата да стане 200.000 и со тоа Јужнокореецот ќе се изедначи со платата на големата sвезда на тимот – Хари Кејн.

Вчера, менаџерот на „петлите”, Жозе Мурињо отворено рече дека сака Сон да го продолжи договорот, кој истекува во 2023 година.

Според медиумите на Островот, понудата е веќе дадена и играчот наскоро ќе ја прифати.