September 15, 2019 08:16
Македонија

Тортура: Сведоци од МВР не знаат кој ја дал наредбата да се апси Бошкоски

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, односно за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски, во кој се обвинети екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и уште шестмина „алфи“ сведочеше Тони Јанкоски, кој во 2011 година  бил началник за економски криминал во МВР.

Според него, немал информација дека се подготвува апсење на Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“, иако неговата единица била надлежна за вакви предмети, но како што појасни, имало и други единици кои можеле да водат вакви акции.

– За акцијата не бев известен се до денот на реализацијата. За тоа може да има повеќе причини, поради конспиративност, не сум бил на работа или слично, рече сведокот.

Сепак тој истакна дека ја потпишал кривичната пријава, иако како што рече не бил вклучен во изготвувањето на пријавата и не му биле познати детали. Сведокот исто така посочи дека не ја дал наредбата да се апси Бошкоски.

По него сведочеа уште тројца инспектори кои исто така не знаат кој дал наредба за апсење на Бошкоски, но биле запознати со предметот „Кампања“.

Наредното рочиште продолжува на 20 јуни.

 

Нови вести

Колевски: В понеделник прекинува мандатот и на другите обвионители во СЈО

zane

Разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

zane

Спасовски: Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

zane