August 12, 2022 01:59
Свет

Топлотниот бран предизвика отежнато снабдување со електрична енергија во Јапонија

Јапонската Влада денеска ги повика триесет и петте милиони жители на Токио и околината да користат помалку струја, предупредувајќи дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде отежнато поради топлотниот бран што ја погоди земјата, јави Би-би-си.

Министерството за економија, трговија и индустрија попладнево очекува значително зголемување на потрошувачката на струја.

Препораката е да се исклучат непотребните светла и да се користат клима уреди.

Официјални лица со недели предупредуваа дека поради зголемената температура, можно е да снема струја.

За викендот, температурата во централно Токио беше над 35 степени Целзиусови. Во градот Исесаки, што се наоѓа северозападно од Токио, регистрирани се рекордни 40.2 степени.

Како што наведува медиумот, за Јапонија тоа е највисока температура регистрирана во јуни.