December 9, 2022 00:31
Балкан

Топи: Демократскиот систем пропадна во 2008 година, кога Албанија се претвори во премиерска република

Поранешниот албански претседател Бамир Топи изјави дека “дијагнозата за колапсот на демократскиот систем во државата е април 2008 година”, кога парламентарната се претворила во премиерска република.

Според него Рама е поединец кој ја анектирал секоја институција, почнувајќи од парламентот и кој не прифаќа ниту една сопствена грешка.

– Дијагнозата за колапс на демократскиот систем во државата е април 2008 година, кога парламентарната се претвори во премиерска република. Не може да се зборува за премиер кој нема тим, туку тој е поединец и кој стави крај на парламентот и сите институции и не прифаќа ништо, оцени Топи за Ора њуз.

Осврнувајќи се на поделбите во, некогашната партија на која и припаѓаше, опозициската Демократска партија, Топи кажа тоа го кажал и порано и целосно е потврдено дека Љуљзим Баша ” дошол и си заминал без трофеј”. Тој кажа дека има многу аргументи за актуелната состојба во ПД и додаде дека земјата веќе нема опозиција, бидејќи е во тешка ситуација.

– Сум кажал и целосно е потврдено дека Баша дојде и си замина без трофеј. Денеска е 2022 година. Потрошив многу време и посветеност во ПД. Мислам дека не е моментот кога некоја партија има потреба и тешкотии, јас да ги кажувам моите ставови, нагласи тој.

Топи, кој е универзитетски професор, шеф на државата беше во периодот од 2007 до 2012 година, по што ја формира партијата Нов демократски дух, чија активност е целосно замрена.