September 15, 2019 12:30
Магазин

Тони Зен го промовира својот најнов албум „Од изворот на изборот“

Хип хоп артистот Тони Зен вчеравечер во МКЦ го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум.

„Сите осум песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“, рече Тони Зен.

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има осум песни. Текстовите ги напиша Тони Зен, а музиката ја создаде заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.

Нови вести

„Ти си најдобриот сопруг на светот“: Меган Маркл со емотивна порака му го честиташе роденденот на принцот Хари

Filip

Научно докажано: Луѓето стануваат се поглупи

Igor

Од британска палата украдена златна ВЦ школка вредна 5 милиони долари

zane