September 18, 2021 16:36
Спорт

Томпсон-Хера остана кралица на спринтот

Елејн Томпсон-Хера од Јамајка е новата кралица на спринтот откако славеше на двете најпрестижни атлетски трки на Олимписките игри во Токио. По триумфот на 100 метри,  29-годишната спринтерката од Јамајка  победи и на трката на 200 метри и тоа со второ најдобро време во историјата, 21.53 секунди. За разлика од трката на 100 метри, олимпискиот рекорд на Флоренс Грифит-Џојнер од 1988 година остана недостижен.

Томпсон-Хера ги одбрани титулите на 100 и на 200 метри од претходните Игри во Рио де Жанеиро 2016 година. Пред пет години во Рио, Томпсон-Хера стана првата жена во последните 28 години која остварила двојна победа во спринтот, а сега е првата која двапати го постигнала тоа.

Второто место и сребрениот медал на 200 метри и припадна на 18-годишната Намибијка Кристин Мбома (21:81), а бронзата ја освои Американката Габриел Томас (21:87), со што легендарната Шели-Ен Фрејзер-Прајс остана без медал како четвртопласирана.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

Animepahe: Fate/Prototype anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime websites

AniWatch: Magical Stage Fancy Lala (Dub) anime episode 26 online free at https://aniwatch.pro animes online

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Debate: https://www.debate.org/animeflixnl/

Cuchi hochiminhcity: http://www.cuchi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/Hoi_Dap_DB/DispForm.aspx?ID=2335