January 27, 2021 18:17
Македонија

Тодоров: Разговаравме за широка коалиција, но настаните од 27април нанесоа штета, а бевме на добар пат

Денеска за настаните од 27 април сведочеше и Никола Тодоров, кој истакна дека извршувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство.

Сведочењето на Тодоров беше прекинато од страна на судијата и беше дадена пауза од 45 минути поради приватни причини на судијата. Тодоров во својот исказ рече дека насилство најмалку му одговарало на ВМРО-ДПМНЕ и на државата. Според него,  насилство најмалку му одговарало на ВМРО-ДПМНЕ и на државата, а настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „ТВ21“.

Тодоров за прв пат во јавноста откри дека имало и разговори за широка коалиција.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, сведочеше Никола Тодоров.

Тодоров сведочеше за случувањата во законодавниот дом и дека добил повил од Шеќеринска која го информиралата дека тие се наоѓаат во прес салата и дека има едно лице убиено.

-Веднаш се јавив кај директорката на Итната медицинска помош која испрати екипа, но истата не можеше да влезе во Собранието. Јас се обидов да се симнам и да ги внесам, но бевме истуркани и не успеавме да стигнеме до прес салата. Се упативме во една од канцелариите во Собранието, мислам дека беше на обезведувањето, и тогаш започна акцијата на полицијата. Прва интервенција беше врз полицаец кој беше повреден од шок бомба. Потоа јас се качив на трети кат и го барав Села заедно со двајца доктори…”, сведочеше Тодоров.

Пред Тодоров сведочеше и поранешната минитера за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која беше спроведена од КПУ Идризово, каде издржува казна затвор за набавката на луксузниот „Мерцедес“.

Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите.

-Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена“, нагласи Јанкуловска.

Јанколовска додаде и дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело.

„Не се сеќавам на било каква комуникација со Ристовски тој ден ниту пак дека се видовмеа“, појасни Јанкуловска.

На 27 април цел ден била во партијата и не се случувало ништо посебно и околу 17 часот си отишла дома и видела на телевизија што се случува во Собранието. Таа додаде дека Миле Јанакиески немал никаква комуникација со општински комитети поврзани со протестите.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Поврзани вести

Британскиот сој на вирусот детектиран кај веќе оздравен скопјанец кој немал контакт со странец

Igor

(Видео) Ана од Кавадарци: Жртва сум на „Јавна соба“, доста е, ова треба да престане, секој може да објави и напише што сака

Igor

Починаа деветмина, нови 394 позитивни на Ковид 19

Valentina

The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://animefreak.ws/m/45vj) Episode 13 at website https://animefreak.ws bleach animefreak

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26 at website https://funimationfree.com funimation and crunchyroll