March 7, 2021 18:48
Спорт

Тодоров: Мак-баскетот има нова генерација што ќе трае 10-15 години

Пирова беше победата за македонската кошаркарска репрезентација против Естонија во последниот решавачки дуел на квалифиакцискиот турнир за ЕП-2022 во Перм. Со скор од две победи и четири порази, но и полоша меѓусебна кош-разлика со Естонија,  Македонија не обезбедивме пласман на ЕП. Во Перм на Македонија и беше потребна победа од 10 и повеќе кошеви разлика против дирекниот конкурент Естонија за да ја оствари целта откако во Скопје на првиот меќ загуби со девет коша разлика.

Кога моравме, прво ја победивме Италија, а потоа во мечот на одлука ја победивме и Естонија. Но не со десет, туку со два поени разлика. Тие осум поени ни пресудија, на крајот на трката останавме зад Италија, Русија и Естонија. Македонскиот селектор Александар Тодоров по неоставрена цел ја направи првичната анализа за овој квалификациски циклус, кој го завршуваме со ефект од две победи и четири порази.

-Ако погледнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти: едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП, и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години. Имаме два порази во израмнети, до последните минути, средби со Русија и Италија. Имаме еден крајно лош натпревар со Русија, ама имаме и две победи, и едно катастрофално лошо полувреме во Скопје во првиот натпревар во овој циклус нè остави да го гледаме следното ЕП дома – изјави Тодоров за сајтот на федерацијата.

Тодоров нема дилема дека оваа генерација ќе има одлични резултати, жали што го немаше Јакимовски, но среќен е што сите се ставија на располагање на националниот тим иако ситуацијата беше тешка.

-Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток, и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година, и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат. Запознав десетина млади играчи, кои не само што не ги имав тренирано, а воопшто не ги ни познавав, и сигурен сум дека со нив, но 3-4 години постари, веќе во 2025 година Македонија ќе биде дел од Евробаскетот, и тоа не само во улога на аутсајдер – изјави Тодоров.

Потсетува и на една друга работа селекторот пред враќањето за Скопје, со чартер-летот кој го обезбеди федерацијата, а треба да ги донесе дома, денеска околу 15.50 часот:

Сите 15 играчи кои беа тука, го дадоа својот максимум. Знаете дека ниту еден од нив не беше принуден да игра за репрезентација под закана од казни и санкции. Знаете дека четворица од нив одлежаа 14 дена карантин во Естонија само заради желбата да играат за националниот дрес. И тоа се тие нешта што ме прават да сум горд што бев нивен тренер“ – го „заклучува“ циклусот, Тодоров.

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Part 2 (Dub) Episode 1 at website https://kissanimeonline.com. See more kiss x sis kissanime

Watch Yashahime: Princess Half-Demon (Dub) Episode 8 (https://animedao.nl/m/1zAk/ep-8) at AnimeDao your name animedao