April 21, 2019 20:41
Македонија

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ е недемократска партија заглавена во минатото

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во емисијата „Печат на неделата“ на 1 ТВ изјави дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба нова доктрина која ќе го замени сегашниот ментален склоп кај актуелното раководство кое е делумно заглавено во минатото.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ мора да настапи доблесно во однос на Договорот од Преспа.

-Јас се немам скарано со Мицкоски и одлуката да ме исклучат ме изненади, со оглед дека јас застапував став за референдумот во рамки на ставот на партијата: секој да постапи по свое уверување. Јас излегов и реков дека бојкотот не е правилен, и да се излезе и да се гласа со поништување на ливчето. Сега може да се протолкува дека во еден момент во историјата ВМРО-ДПМНЕ не била баш на вистинската страна. Доколку раководството не успее да фати приклучок во оваа поголема слика, тогаш ќе дојде до негова смена. Цел свет го поздравува Преспанскиот договор, дури и Русија го прифати. Доколку претендираш да станеш премиер, тие работи мораш да ги сфатиш. Ако како партија сте одбрале дека сте против тој Договор, тогаш пред меѓународната заедница треба храбро тоа да им го кажете: кога ќе дојдеме ние на власт, ќе го поништиме Договорот. Или доколку знаете дека Договорот е завршена работа, тогаш храбро треба на граѓаните да им кажете дека тоа е така. ВМРО-ДПМНЕ и да има 80 пратеници, нема да го поништи Договорот. Реперкусиите од тоа би биле преголеми, рече Тодоров.

Тодоров се надева дека во Јуни ќе добиеме датум за преговори со ЕУ и тука ќе се отворат нов конекст на напредок на државата и дека овој начин на размислување не води никаде.

Нови вести

(Живо) ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Filip

Иванов: На новиот претседател му посакувам многу помирен мандат

Igor

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Filip