September 18, 2021 15:23
Спорт

Тодоровски го засили српскиот прволигаш „Раднички” од Ниш

Поранешниот македонски младински репрезентативец Тодор Тодорвски е нов член на српскиот фудбалски прволигаш „Раднички” од Ниш, соопшти попладнево неговиот нов клуб.

– Мило ми е што добив можност да играм за клуб од рангот на „Раднички”. Позната ми е неговата богата историја, а луѓето, кои сега го водат клубот, ми го претставија планот и амбициите за во иднина и не ми беше воопшто тешко да донесам одлука да дојдам во Ниш, изјави Тодоровски.

Дваесетидвегодишниот Тодоровски, кој има 19 настапи за младинската репрезентација, најави дека со своите игри во клубот од Ниш ќе се обиде да избори место во сениорската репрезентација за септемвриските мундијалски квалификации.

– Моите цели во „Раднички” се да изборам место во почетниот тим и да му помогнам на клубот во остварување на амбициите, а сакам со своите настапи тука и да му се наметнам на македонскиот селектор (Благоја Милевски) и да се најдам на репрезентативниот список веќе за септемвриските натпревари во квалификациите за Светското првенство во Катар, додаде македонскиот дефанзивец.

Тодоровски претходно во кариерата настапуваше за Вардар, Металург, Осиек и Шибеник. 

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 11

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://aniwatch.pro: Watch Masuda Kousuke Gekijou Gag Manga Biyori aniwatch Episode 12 animes online

Website https://gogoanime.be: Watch JINSEI -Life Consulting- gogoanime Episode 13 gogoanime demon slayer

Forum dzpknews: https://forum.dzpknews.com/space-uid-399305.html

Piqs: https://piqs.de/user/animefreakws