October 27, 2020 18:17
Балкан

Тодориќ вечерва ќе биде екстрадиран од Лондон во Загреб

Поранешниот сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ вечерва треба да биде екстрадиран во Хрватска од Лондон, дознава Јутарњи Лист.

Според неофицијални извори, британските власти се договориле со хрватското МВР да го предадат Тодориќ, пренесувајќи го од Лондон во Загреб преку редовна авионска линија, односно со авион кој вечерва ќе слета на аеродромот „Фрањо Туѓман“.

Конечната одлука со која беше одобрена екстрадицијата на Тодориќ во Хрватска беше одобрена пред две недели од надлежен суд во Велика Британија. Тодориќ е екстрадиран за да спроведе кривична постапка во аферата “Агрокор” и со оглед на тоа дека на почетокот на истрагата му беше изречена притвор полицијата Тодориќ ќе мора да биде префрлена во окружниот затвор во „Реметинец“ веднаш по доаѓањето во Загреб.

Британски суд ги отфрли тврдењата на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ дека бил политички прогонуван и донесе одлука тој да биде екстрадиран во Хрватска, каде треба да му се суди за злоупотреби од над 110 милиони евра.

Поврзани вести

Тодориќ искешира милион евра гаранција за да излезе од притвор

Igor