February 24, 2019 04:44
Македонија

„Титаник 3″ продолжува на 22 февруари, за да се обезбеди клучен сведок

Судијката Оља Ристова на денешното рочиште рече дека судот смета дека не се преземени сите мерки за пронаоѓање на сведокот Б.С. и дека е потребно да се вложат дополнителни напори со оглед дека одбраната доставила доказ, оригинален извод дека е мажена со адреса на живеење во Германија.

– Не е вложен доволно напор од државните органи. Судот ќе испрати уште една ургенција со назнака „итно” до органите. СЈО се задолжува да направи напори да го обезбеди сведокот за следната главна расправа, изјави судијката Ристова, образложувајќи ја одлуката на судот да се одбие предлогот на СЈО за читање на исказ даден од сведокот пред јавен обвинител во истражна постапка.

Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Related posts

Обезбедувањето на Вељаноски при упадот,комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо

24info

Арсовски: СДСМ за година и пол ја задолжи државата за 357 милиони евра

Igor

Групацијата на бањи бара регулирање на статусот на бањите како природни лекувалишта

Ivona