August 15, 2020 00:43
Хроника

Тинејџер со пиштол и метална палка уапсен во Влае

Полицијата вчера во Скопје привела две лица кои поседувале оружје, информираше МВР.

-На 13.02.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата Есперанто во Влае го лишиле од слобода М.З.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „ЦЗ Б“, калибар 9 мм, една рамка со 10 куршуми и метална палка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Претходно, околу 12 часот, полициски службеници на улицата Ѓорче Петров, при извршен преглед кај А.А.(24) од Скопје, пронашле нож на расклопување.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.