June 17, 2019 17:07
Магазин

Тинејџерка заработува стотици илјади фунти како кума

Тинејџерка заработува стотици илјади фунти како кума

Бју Роуз е британска тинејџерка која заработува стотици илјади фунти давајќи им имиња на децата на други луѓе.

Сѐ почнало 2016 година, кога Бју имала 16 години и со родителите биле на гости кај пријатели во Кина. Пријателот на татко ѝ ја замолил да смисли британско име за неговото новороденче, оти многу му се допаѓале британските имиња.

Отпосле таа го дознала и тоа дека заради својот специфичен јазик и правопис, Кинезите честопати сакаат да имаат и второ, „меѓународно име“ напишано со латинични букви. Причината се и-мејл адресите, комуникацијата и полесен пристап до меѓународните интернет-страници на разни факултети, компании и друго.

На Бју ѝ пречело тоа што на тој начин, Кинезите честопати добиваат имиња како – Ролекс, Епл и слично, па одлучила да го подигне тоа на повосоко ниво.

Така и настанал и нејзиниот приватен бизнис, интернет-страницата „Спешл нејм“, со којашто досега таа заработила над 255.000 фунти.

Нови вести

Музичари свиреа на инструменти од мраз за да ја подигнат свеста за климатските промени

zane

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

zane

Индиски магионичар исчезна во река обидувајќи се да го имитира Худини

zane