June 28, 2022 15:21
Спорт

Тиквеш и Скопје останаат прволигаши, Воска и Беласица загубија во баражот

Тиквеш ја прегази екипата на Воска Спорт со 4-1 и покажа дека местото ѝ е во Втора лига, Скопје со гол во финишот успеа да ја победи Беласица со 2-1 и остана прволигаш.

Воска која со многу контроверзи стигна до второто место и бараж, не успеа да го помине Тиквеш и да стигне до елитниот фудбал.

Кавадарчани покажаа дека се многу поквалитетен тим и не само што победија, туку го растурија својот противник.

Не поминаа ниту 20 минути, а Тиквеш веќе водеше со 2-0 со головите на Спахиу и Ивановски, до крајот на првиот дел Воска намали преку Емини на 2-1.

Во вториот дел Љамчевски зголеми на 3-1, а серијата погодоци ја затвори оној кој ја отвори, Спахиу во 74. минута даде гол за конечни 4-1.

Филип Јаневски е херојот на Скопје, со негови два гола тие ја победија Беласица со 2-1.

Јаневски во 30. минута донесе водство за Скопје од 1-0, а Трајков по седум минути игра во вториот дел израмни на 1-1. На три минути пред крајот на мечот Јаневски даде уште еден гол за победа на тимот од Автокоманда од 2-1.

Ова значи дека во ПМФЛ ќе имаме само два нови клуба, Силекс и Победа кои беа најдобри во своите групи во второлигашката конкуренција.

mẹo chơi tài xỉu go88

sunwin ơ việt nam Game bài đổi thưởng Sunwin đẳng cấp không vào được sunwin