November 25, 2020 21:48
Хроника

„Тигрите“ во шумата над Ѓермо уапсиле убиец, кој се криел на Косово

„Тигрите“ вчера во шумата над тетовско Ѓермо го уапсија Јумни Џемаили (30), осуден за убиство пред 11 години во селото, дознава 24 Инфо. Оперативната акција наречена „Бегалец“ била релализирана во заедничка акција на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги и Единицата за специјални задачи.

Неофицијално, специјалците биле ангажирани бидејќи станувало збор за опасен и вооружен криминалец, кој најверојатно се криел на Косово и по нелегалните премини од време на време доаѓал во родното село. Полицијата добила информации за тоа дека тој престојува во Ѓермо, па вчера оганизирала акција за негово апсење. Џемаили бил уапсен во 16 часот на планинскиот пат над селото.

Џемаили со првостепена пресуда во јуни 2011 година беше осуден на единствена затворска казна од 15 години, за учество во убиство и за поседување на огнено оружје, односно „калашников“ со кој било извршено убиството. Тој во „Идризово“ поминал шест години кога избегал од затвор, па има за издржување уште двет години од казната.

Џемаили на 14 септември 2009 година во Ѓермо заедно со тогаш 23-годишниот Хаки Шабани и Агим Мифтари(24) поради долг за кирија го убиле сосланецот Исмет Јахија(58).

Шабани околу една година живеел во станот на Јахија во тетовската населба Блок 82. Критичната ноќ околу 20 часот двајцата тргнале кон Ѓермо за да му ги даде парите што ги должел за кирија за два месеца. Но Јахија не знаел дека му се подготвува заседа. Кога стигнале пред селото Шабни и Исмет застанале. Тогаш се појавиле Џемаили и Мифтари, па сите тројца почнале да го тепаат. Бидејќи нападнатиот давал отпор, Шабани го зел „калашниковот“ од Џемаили и со девет куршуми го изрешетал Јахију.

 

Поврзани вести

Регистрирани 1288 нови случаи на Ковид-19, починаa 39 лица

Igor

Почина фудбалската легенда Диего Марадона

Igor

Замрзнати сметките и имотот на Трифун Костовски: Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна

Igor