December 5, 2022 08:33
Спорт

Тиафо победи и за првпат обезбеди триумф за „Светот“ во Лејвер Купот

Тимот на Светот го освои тенискиот Лејвер Куп откако вечерва Франсес Тиафо со победата во три сета против Стефанос Циципас му донесе на својот тим недостижни 13:8 во поени.

Американецот спаси четири меч топки во вториот сет за да дојде до победа од 1:6, 7:6 (13:11) и 10:8.

Интересно ова е прва победа на тимот на Светот против Европа откако се игра Лејвер Купот од 2017 година наваму со исклучок на 2020 кога не се одржа поради пандемијата.