Спорт

Тејтум стана најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден натпревар

Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум ноќеска постави клупски рекорд на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Минесота. Селтикс победија по продолжение со 145:136.

Кошаркарот средбата ја заврши со 53. Дваесет и тригодишниот Американец е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал 50 или повеќе поени на еден меч.

Воедно, Тејтум постави личен рекорд во својата кариера. Џејсон е првиот играч на 17-кратниот НБА шампион по Лери Бирд што уфрлил 53 поени на ист меч. До подвигот Тејтум стаса со шут од поле 16-25, од кои шест тројки од 10 обиди,а имаше и 10 скока и 4 асистенции.

Во сезоната 2020/21, тој има просек од 25,1 поен, 7,0 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

GoGoAnime gogoanime25: Boku no Hero Academia 5th Season (https://gogoanime.be/m/MNgP) Episode 3

AniWatch aniwatch: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview (https://aniwatch.pro/m/XznL/ep-1)