July 23, 2019 01:15
Магазин

Тејлор Свифт најплатена јавна личност во светот

Две жени, едната пејачка, другата риалити ѕвезда, се најдоа на врвот на најновата листа на 100 најплатени јавни личности на„Форбс“.

На прво место е пејачката Тејлор Свифт која за период од една година заработила 185 милиони долари, на второ место е Кајли Џенер со 170 милиони долари, а на трето место е нејзиниот зет, Кание Вест со заработени 150 милиони долари.

Листата се прави еднаш годишно, а на најновата дури една третина од најплатените јавни личности не се од САД, пишува „Форбс“.

Меѓу првите 10 на листата, тројца се фудбалери. Лионел Меси од Аргентина го освои четвртото место со 127 милиони долари, Португалецот Кристијано Роналдо е на шесто место со 109 и Бразилецот Нејмар со 105 милиони долари.

Меѓу првите 10 се и британскиот музичар Ед Ширан, групата Иглс, доктор Фил и мексиканскиот спортист Канело Алварез.

Најновата листа е направена врз основа на приходот остварен од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 година и може да ја видите ТУКА.

Нови вести

Зета-Џонс во фустан со длабоко деколте го придржуваше Даглас на роденденската забава на канадски милијардер

zane

(Видео) Момчето откри детали за познатата јутјуберка која загина возејќи електричен тротинет

zane

Ќерката на Берни Еклстон по вторпат ќе стапи в брак

Valentina