December 10, 2022 06:40
Хроника

Тешка сообраќајка кај Муртино, тројца повредени

На 04.10.2022 година во 13.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од село Банско кон село Муртино, струмичко, Џ.Е.(20) од село Банско, управувајки патничко возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

При тоа „опелот“ удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот У.М.(20), кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а возачот и сопатникот И.И.(20) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

фото:4news.mk