February 16, 2019 17:11
Хроника

Тешка сообраќајка во Аеродром – три лица однесени итно во болница

Тешка сообраќајка во Аеродром – три лица однесени итно во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 18:30 часот на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ .

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 69-годишниот Г.Г. од Скопје, и патничко моторно возило „Мазда 323“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 51-годишниот Т.Ц. од Скопје. По незгодата со возило на Итна медицинска помош сопатничката од возилото 65-годишната Ј.Г.од Скопје била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.  Возачот Г.Г. и сопатничката од другото возило Л.Ц.(48) се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Related posts

Тешко повреден затвореник во тепачка во Идризово

24info

Девојче исчезна од училиште во Скопје

24news

Струшанец измамен од две непознати лица во износ од 12.000 лица

Ivona