0 C
Skopje
July 22, 2018
Хроника

Тешка кражба во скопско училиште: Украдени 169 лап-топи и компjутерска опрема

Кражба во основно училиште  во Скопје била пријавена во текот на вчерашниот ден.

 

Според пријава кражбата се сличула во временскиот период од 06 до 10.07.2018 година.

-Непознат сторител извршил тешка кражба во училиштето, при што одзел: 169 мали ученички лап-топ компјутери со полначи и „мауси“, 100 парчиња „мауси“, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 576.000 денари. Имено, сторителот со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците од училиштето, влегол внатре и со употреба на физичка сила отворил повеќе врати од кабинетите по што ги одзел предметите, информираат од МВР.

Се прeземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Кривична против три лица од Струмичко, нападнале сопственик на продавница

24info

Изчезнало 13 годишно девојче

24news

МВР со детали за излетаната Лада во реката Луда Мара

admin