December 9, 2018 20:49
Економија

Технолошка екстензија во 10 компании со грант од милион евра преку ФИТР и Светска банка

Со 2,5 милиони евра, од кои милион евра како  грантови  обезбедени од Светска банка преку повик на Фондот за иновации и технолошки развој,  во наредните две  години ќе се спроведат проекти за технолошка екстензија во десет компании.

Грант во износ од 499 илјади евра добива проектот на Стопанска комора на Македонија,  од 168 илјади евра на Проплан Студио Скопје и од 308 илјади евра ГСИ Консалтинг.

Во Владата денеска беа потпишани договори за грантовите со претставниците на проектите за кои тие дополнително обезбедуваат 1,4 милиони евра.

Тие проекти се избрани од осумте апликации кои беа дел од селекцијата на повикот на ФИТР со новиот инструмент за поддршка на технолошкиот развој на компаниите. Грантовите ги опфаќаат металопрерабитувачката  индустрија, електро и машинскиот сектор,  делот на земјоделството за производство на храна…

-Се воведува поддршка на проценка на потребите на компаниите, преку изработка на дијагностика која понатаму треба да придонесе до вистински инвестиции  во технолошки развој односно воведување  нова технологија која ќе поттикне овие компании да бидат продуктивни, рече на потпишувањето на договорите Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Проектот на Стопанската комора на Македонија се однесува на  зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачккиот, електро и машинскиот сектор преку подбрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните мали и средни компании.

-Досегашните анализи покажуваат дека постои потенцијал кај овие претпријатија да го унапредуваат производството, но недостасуваше моментот на потреба од спроведување  на инвестициски активности кои ќе бидат насочени кон надградување на нивните  производни и технмолошки проецси, рече Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора.

Во првата фаза ќе бидат  утврдени сите нови производи кои може да ги генерира овој сектор и да може понатаму компаниите кои се одбрани за проектната активност да ги произведуваат и да ги извезуваат. Во тек на таа фаза ќе бидат анализирани 1200 производи кои се дел од трговијата во светот, во втората фаза ќе се набавува нова опрема и машини, а ќе има и обуки.

Како што потенцираше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Владата верува дека поддржувајќи ја македонската економија ќе придонесе за зголемување на индустрискиот развој и индустријализацијата на државата која, како што рече,  нема други ресурси и мора бргу да се индустријализира за да го фати приклучокот со светот.

-Во Буџетот за 2019 година Владата обезбеди 36 проценти повеќе срества за поддршка на економијата и индустријата  во споредба со 2018 година, што епокзател за посветеноста на Владата да ја врати економијата на сериозни патеки и да придонесе за индустријализација на државата, дополни Анѓушев.

Според претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, поддршката на технолошката екстензија ќе овозможи развој на нови технологии.

-Веруваме дека иновациите се столбот кој ќе го поддржи развојот на економијата, рече Мантованели.

Степенот на искористеност на финансиите што се на располагање од Светска банка од 2014 година преку ФИТР е зголемен од 10 проценти колку што изнесуваше на крајот на минатата година на над 50 проценти.  На крајот на неделава треба да заврши повикот за финансирање на старт ап компании, а  следната недела  ќе има нов повик во кој Светската банка станува партнер за реализација на Планот за економски раст.

Целта е, според Деспотовски,  во првата половина на следната година средствата кои и билке доделени на Владата  за поддршка на економијата во делот на иновациите и технолопшкиот развој  од 2014 година да се искористат во целост.

Related posts

Слободни 8.459 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Valentina

Николовски: Пет милиони евра повеќе за капитални проекти во водостопанството во 2019

Filip

КСС уште од јануари бара поголемо зголемување на платите од предвидените пет отсто

Valentina