November 16, 2019 01:09
Свет

Техеран за Болтон: Неуспех на „стратегијата на максимален притисок”

Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани коментирајќи го разрешувањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, истакна дела тоа претставува неуспех на „стратегијата на максимален притисок” на Вашингтон врз Техеран.

– Маргинализацијата и на крај елиминацијата на Болтон не е случајност туку одлучувачки показател на неуспехот на американската стратегија на максимален притисок пред конструктивниот отпор на Иран, напиша Хесамедин Ашен на Твитер.

Додека портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи на Твитер напиша дека со заминувањето на „најголемиот заговорник на војната и на економскиот тероризам”, Белата куќа полесно ќе може да ја разбере реалноста во Иран.

– Џон Болтон пред повеќе месеци вети дека Иран нема да потрае ниту три месеци. Ние се уште сме тука, а тој замина, истакна Рабиеи.

Нови вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право во потрагата по нафта и гас

Filip

Истражување: Климатските промени ги изложуваат идните генерации на доживотни здравствени проблеми

Filip

На 9 декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Filip