January 27, 2020 15:55
Свет

Техеран: Активностите на британскиот амбасадор се целосно неприфатливи

Портпаролот на иранската влада соопшти дека постапките на британскиот амбасадор се целосно неприфатливи, откако медиумите објавија дека амбасадарот бил приведен во близина на протестите во Техеран, пренесува „Спутник“.

Во саботата беше соопштено дека амбасадорот на Велика Британија во Иран, Роб Мекер, бил кусо притворен за наводно учество во протестите во Техеран.

Претходно, иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Сеид Абас Арагчи, изјави дека британскиот амбасадор во земјата кусо време бил уапсен како неидентификуван странец на нелегален протест и бил ослободен 15 минути откако бил идентификуван.

По инцидентот, иранското МНР го повика Мекер. За време на нивната средба со Мекер, иранските дипломати го потсетиле дека присуството на амбасадорите на странски држави на нелегални собири е некомпатибилно со нивните обврски како политички претставници на нивните земји и е во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението на иранското МНР.

Нови вести

По две години од најавата подготвен е планот на Трамп за израелско-палестинскиот мировен процес

zane

На каталонскиот регионален лидер му е одземено пратеничкото место

zane

Умерен земјотрес го погоди Иран

zane